ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО)Здружението „Филип Лукароски“ промовираше прирачник за машко здравје „Фокусирaj се на себе, за себе”

341

Во месецот посветен на заштита на машкото здравје, Здружението за унапредување на здравјето „ФИЛИП ЛУКАРОСКИ“ Прилеп вечерва во кино салата  Мис Стон одржа промоција на прирачникот за машко здравје ,,Фокусирај се на себе, за себе”. Целта на овој прирачник е да се подигне свеста кај машката популација за препознавање на симптомите за разни заболувања и за поголема грижа за своето здравје, посочи Петра Лукарoска, претседател на здружението.

 Последните години имавме повеќе иницијативи и активности за заштита на женското здравје, но за мажите вакви иницијативи имаме многу малку. Затоа ние како здружение кои што сме посветени со посебен акцент на машкото здравје го издадовме овој прирачник, во кој што прирачник целите ни беа мажите да можат да ги препознаат симптомите на оние заболувања кои што можат да го загрозат нивното здравје и каде да се обратат доколку се појави некаков проблем и како да го сочуваат своето здравје. Затоа што кога станува збор за нарушување на здравјето кај мажите тоа не е само машки проблем, тоа е проблем на целото семејство, вели Лукарoска.

Во прирачникот има посебен дел за важноста од превентивните прегледи, на високиот крвен притисок, на дијабетисот, на карцином на простата, карцином на тестис, болестите на зависност, карцином на дебело црево, а поместен е дел посветен на насоките за здрав живот.

Промотор на прирачникот беше проф.д-р Татјана Стојаноска Иванова, а гостин  д-р Арменд Арслани, специјалист уролог.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе