СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

ИГРАЧОТ НА ПРИЛЕП, ГУКЕШ, НАЈДОБАР МЕЃУ 277 ШАХИСТИ

401

Блескаво издание на најмладиот член на ШК Прилеп, 15-годишниот индиски велемајстор Домарају Гукеш, на Европскиот шаховски клупски куп во Струга. Најдобар е меѓу сите 277 шахисти од 38 клуба, од 37 држави. Ги одигра сите 7 партии, сите на првата табла, без пораз, со три реми и четири победи. Најуспешен е иако пред стартот беше рангиран на 42. место.

Ремизира со рускиот велемајстор Петер Свидлер, францускиот велемајстор Матиј Корнет и германскиот велемајстор Александер Донченко, а ги совлада: австрискиот интермајстор Петер Шрајнер, норвешкиот велемајстор Јохан – Себастијан Кристијансен, српскиот велемајстор Александар Инѓиќ и романскиот велемајстор Владислав Новедничи. Во сенка на Гукеш останаа многу фаворити, познати велемајстори, како Азербејџанците Рауф Мамедов и Шахријар Мамеѓаров, Германецот Александер Донченко, Русинот Александер Гришчук, Украинецот Антон Коробов…

Во последното, 7. коло, Гукеш на првата табла ремизира со Донченко, па заедно со Дејан Ѓорѓиески кој изваде реми на шестата табла против исландскиот фидемајстор Роберт Лагерман, придонесоа за поразот на ШК Прилеп од исландскиот Скакфелаг да не биде максимален, туку 1:5.

Шаховскиот клуб Прилеп со 8 бода на конечната табела е на 14. место (ист број на бодови со 12-тата Шева од Израел), три погоре од стартното 17. место. Во составот на екипата беа уште: српските интермајстори Драшко Бошковиќ и Стефан Тадиќ, рускиот интермајстор Глеб Дудин, како и Горан Готовуша, Марјан Дамчески и Алекс Насков. Шампион е рускиот Медни всадник со 13 бода, Алкалоид Скопје со 9 е на 8, Гамбит Скопје со 6 на 23, Гостивар со 4 на 32. место.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе