СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Локалните избори ќе се распишат в петок, 6-ти август – пратениците на одмор

170

Пратениците се на годишен одмор. Претседателот на Собранието Талат Џафери локалните избори ќе ги распише в петок , на 6 август, а ќе се одржат согласно законскиот термин на 17 октомври годинава.

Според Деловникот на Собранието, одморот на пратениците е до крајот на август. Претседателот на Собранието може и за време на одморот да свика седница на Собранието.

Џафери минатата недела на средба со новинарите рече дека со седниците ќе продолжат по одморот, кога ќе работат по преостанатите незавршени седници. Нова седница ќе биде закажана на средината на септември.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе