СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

„Изгубена“ дефиницијата за „чување на опшественото добро„

671

Прилепчани веќе уживаат во проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“. Местото е одлично за прошетка, за одмор, за игра на децата, за рекреација на возрасните. Неколку содржини го обогатуваат овој простор, но велат „прописите треба да се почитуваат“. А,  основниот пропис е да се чува она што е изградено, создадено,  како општо корисен простор, коj беше пуштен во употреба (не цел месец)  на 9 ти септември.

Но , се чини дека колeктивната свест за колективнa одржливост ќе треба да се учи, и во семeјството, и во воспитно образовните институции, бидјеќи, очигледно тоа е „непозната дефиниција„.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На социјалните мрежи се појавиja фотографии каде се уништуваат јажињата на просторот за најмалите, на нишалките, каде најчесто ќе ги користат помалите. Јажето е запалено ,„а во него уживаа оние кои го палеа „-напиша една наша сограѓанка.

„Денеска на езеро на убавите средства за вежбање , средношколци со упалјач ја запалија ортомата и им беше многу интересно како гори. Браво за нивното „воспитување“ и чување на опшествениот имот што е направен, баш, за нив. Тука има и табла кој требаше прво да ја прочитаат „-  објави наша сограѓанка, како опомена на она што се случува при (не) грижата, на опшествениот имот.

Спортско – рекреативниот центар кај вештачкото езеро треба да преставува зона на активен туризам, со надеж дека ова ќе биде одржлив проект, кој ќе остане за генерации, а не само проект за „еднократна употреба„.

Ден пред неговото отварање,  некои момци ја исекле мрежата од кошовите на теренот за кошарка, па надлежните мораа итно да постават нови, па, повторно ги отстранија. Што ли ќе остане и до кога ќе остане овој простор уреден, останува само времето да покаже. Но, факт е дека дефиницијата за „чување на опшественото добро„ одамна е избришана од колктивната меморија на новите генерации.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе