ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Изиграа одлично со Голден Арт и остануваат во Ф4 Купот на Македонија

153

Момците на Горан Кузманоски вечера  се радуваа на домашна победа против Голден Арт од 30-25 (17-14) во полуфиналето на четвртфиналните групи во Купот на Македонија.  РК Прилеп за место меѓу најдобрите четири екипи ќе се бори со Еурофарм Пелистер 2.

Ракометарите на Прилеп покажаа изиграа одлично,борбено,концентрирано и ја имаа целосна доминација во првото полувреме.  Гостинскиот состав на Голден Арт беше рамноправен противник само во првите десет минути, кога двете екипи имаа постигнато по три погодоци. Во периодот од 10 минута, па сѐ до 20. минута, Прилеп целосно ја имаше прочитано играта на противникот, па ги казнуваше грешките, постигнуваше лесни голови, и водеше постојано до пет гола разлика. Момците на Горан Кузмановски мора да се признае играа одлично , на крајот од натпреварот поведоа со највисоки +6 и завршните десет минути беа без преголема борба за нив. Со ова Прилепчани се пласираа во финалниот натпревар и ќе се борат за место на „фајнал-фор“ турнирот во Купот.

 

 

Со девет погодоци најдобар на паркетот беше Илиев од Голден Арт, додека Шест даде Гајиќ. Во таборот на прилепчани по шест пати реализираа Давор Шокоски и Симон Мирчевски, додека по пет гола дадоа Трајковски и Бикоски.

 

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе