ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И, додека едни садат други крадат – повторно кражба на огревно дрва кај с. Гостиражни

162

Дрвоктратците се чини не мируваат. За само неколку дена полицијата од с Гостиражни заплени над  30 метри кубни огревно дрво без документација .

Имено, вчера, на 24.03.2022, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово спровеле повторно акциска контрола, при што над с.Гостиражни пронашле околу 12 просторни метри нежигосани дабови дрва, кои биле предадени на Јавно претпријатие „Црн Бор“ – Прилеп. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

А, само пред три дена, на 21.03.2022 , полициски службеници од Полициското одделение Ропотово и Полициската станица Прилеп има  акциска контрола  и запленија 21 метри кубни огревно дрво во с. Гостиражни од лицата  Љ.Н.(38) и М.Н.(49) , околу 11 кубни метри нежигосани дабови дрва без соодветна документација и  уште  8 кубни метри нежигосани дабови дрва кои беа предадени на шумска полициска Прилеп.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе