ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Снегот како причина за отежнато подигнување на сметот во Крушево

121

По објавата на фотографии од OK на ВМРО ДПМНЕ – Крушево за неподигнат смет  по улиците на Крушево и напис кои  вели дека „ова е  моментално ситуацијата на ул Партизанска. Бела еколошка катастрофа во Крушево! Иако, денес е понеделник и работен ден, хигиената во Крушево е на најниско ниво!„  , се огласи ЈП „Комуна“ од Крушево  со свое образложение за ваквата стиуација во кое се вели:

 „ Во услови на големи количини на снег по улиците на град Крушево работата на останатите наши редовни обврски како јавната хигиена е значително усложнета. Претходно известивме дека работиме на пристап и на расчистување на просторот околу поставените контејнери со цел да се одведе насобраниот отпад.  Но, при вчерашните и денешни активности за празнење на контејнерите и одведување на отпадот се соочуваме со дополнителни потешкотии. Заради количини на вода од растопен снег контејнерите не можат да се подигнат од камионот за отпад и истите се расчистуваат рачно. Тоа одзема време и значително ја отежнува работата на вработените. Дополнително, тесните улици и паркираните возила се исто така голем проблем.„-соопштуваат од ЈКП Комуна – Крушево

ЈКП Комуна повика  на разбирање и трпение од страна на граѓаните за собирање на отпадот  и апелираме на соработка од страна на граѓаните.

 

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе