СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Кандидатите за градоначалници на Прилеп го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

731
Кандидатите за градоначалници на општина Прилеп, денеска во собраниската сала на Општина Прилеп го потпишаа Кодексот за фер и демократски локални избори 2021 година. Со тоа, д-р Борче Јовчески од ВМРО – ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“, Горан Сугарески од Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ , Славе Петрески од ЛДП и ДОМ, Жарко Стеваноски  од независната иницијатива „Че вреди“ и Зоран Митрески од политичката партија Интегра се обврзаа на коректност, фер и демократски однос кон процесот на локалните избори, а презедоа одговорност за изборниот процес  да се реализира со почитување на човековите права и слобода, како што е правото на избор. Настанот беше инициран од Државната изборна комисија, а спроведен од Општинската изборна комисија.
Во Клуб на пратеници, во Скопје, денеска, лидерите на политичките партии го потпишаа Кодексот за фер и демократски локални избори. Со потпишувањето, политичките партии се обврзуваат на демократски изборен процес  во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи, со цел постигнување транспарентни, инклузивни и отчетни избори.

Исто така новинарите, уредниците и раководството на медиумите потпишаа Повелба за етичко известување за изборната кампања, обврзувајќи се на објективно, вистинито и навремено информирање, имајќи целосна одговорност и свесност за нивната улога околу претстојните локални избори во државата.

Mедиумските работници ја прифатија Повелбата и беа согласни дека во работата на медиумите ќе се почитуваат принципите на урамнотеженост, на јасна дистинкција меѓу информациите и коментарите, на чесност и независност, на професионална солидарност, на уредувачка независност и професионален интегритет, на почит и толерантност, на еднакви можности на жените и мажите како и на слобода и одговорност.

При тоа, и редакцијата на Радио Пела ја потпиша онлајн Повелбата со која се обврзува за фер и професионално известување и информирање за претстојните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври годинава.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе