ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кој не беше зажали – кој беше доаѓа и идната година на SAMOKOV XTREME во Порече

638

Викендов, (3 и 4 јуни) Порече беше местото за адреналинско доживување.  Во организација на Општина Македонски Брод и здруженијата Форум за Авангардна Креативност, Вело Че и САМОКОВ ЕСТРЕМ, во Самоков и Белица (Македонски Брод) по втор пат се одржа фестивалот на отворено, SAMOKOV XTREME. Над 500 учесници уживаа во природата и  возење со џипови, возење со мотокрос, возење со АТВ возила, возење со МТБ велосипеди, планинарење…

 

Уживање и прекрасен адреналински викенд беше во Поречието во организација на Општина Македонски Брод под покровителство на градоначалникот г-н Жарко Ристески со двата прекрасни настани: “Самоков екстрим” и “ВелоЧе”… велат учесниците,задоволни од сите активности и авантури.

Настанот стана и одлична промоција на: недопрена природа, традиционална храна, алтернативни спортови, автентични села, селски туризам…

 

🇲🇰 Секој предизвик е ново искуство, се гледаме уште поспремни и поорганизирани следната година- порачаа организаотрите и Општина Македонски Брод

 

ВУДЕО : Во продолжение мал дел од адреналинското доживување од SAMOKOV XTREME 2023

 

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе