CSS Template

Крушево добива кино сала и театар

40
Avtokontrol1

Mултифункционалната сала во горната училишна зграда во Крушево наменета за театарски претстави и кино проекции го добива својот изглед. По инсталирањето на аудио и видео опрема, салат е опремена и со седишта со што привршува проектот за оспособување и опремување на театар и кино сала добива една целина, а дополнително треба да се постават завеси.

„Го заокружуваме овој проект кој треба да го подобри културно забавниот живот на младите, можностите за неформално образование, но и повеќе содржини за туристите. Во овој проект сме заедно со УНДП и сум навистина благодарен за тоа.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Проектот се спроведува во рамки на Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.


semm
Farma Dolneni
Vivafarm