CSS Template

Крушево започнува со реконструкција на водоводната мрежа

26
Avtokontrol1

Општина Крушево ќе реконструира дел од водоводната мрежа со пренаменети средства од ТАВ Македонија, со одлука на влада.

Станува збор за рконструкција на водоводната мрежа во делот од споменикот „Наум Наумовски Борче“ (место познато меѓу крушевчани како Тагас) ,па се до регионалниот пат Крушево – Демир Хисар. Целосната инвестиција изнесува 16.203.160 денари, а Локалната самоуправа на општината го изработени основен проект.

Со ова вели градоначалникот на Крушево Томе Христоски се решава деценискиот проблем со кои се соочуваат Крушевчани кога е во прашање водоснабдувањето.

„Овој дел од водоводната мрежа ќе биде реконструиран и со тоа ќе обезбедиме редовно водоснабдување и безбедна вода за пиење. Соработката со Владата резултира со вака големи и многу важни проекти за сите граѓани.“- изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Инаку, жителите на градот Крушево речиси секоја година се соочуваат со проблеми со водата. Низ годините се правеа повеќе обиди на локалните власти да дојдат до дополнителни извори во Општина Македонски Брод, но, не се најде адекватно решение.

Неодмана со ребалансот на буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) Кршево доби 9 милиони денари наменети за подобрување наживотната средина ,односно за подобрување на водоснабдителен систем, поточно за реализација на инфраструктурен проект за изградба на водовод за градот Крушево.Тогаш градоначалникот изјави дека за многу брзо ќе се стави крај на овие проблеми со водата и градот ќе има водоснабдување како што доликува на еден туристички град.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni
Kreas