CSS Template

Крушево ќе прави „генералка„ на својата околина

37

ЈП „Комуна“ Крушево како партнер во т.н. проект „генералка викенд“ на 7-ми мај ќе се одржи голема еко акција за чистење на околината на Крушево.

„Ќе го опфатиме просторот околу Гумење, спортските игралишта, старото корзо и Крушевско Езеро. Ќе го исчистиме овој предел и ќе повикаме туристите локациите да останат чисти. Најавивме претходно дека по должина на патеките околу езерото ќе се постават повеќе корпи. Ги покануваме сите кои се во можност да се приклучат во еко акцијата за почита околина“, -повикува ВД директорката на ЈП „Комуна“-Крушево, Станка Ефремова Трајкоска.

Акцијата планирано е да започне во 10,оо часот, во петок, од Гумење, а покрај „Комуна“ и општина Крушево ќе се приклучат и основното и средното училиште. Генералка викенд е проект имплементиран од организација „Мен анд маунтин“ (Man and Mountain) со поддршка од ЕУ за тебе, Витаминка, Пакомак и други.


semm
Farma Dolneni
Vivafarm