ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Локви“ споменик на природата, дом на Вилинското ракче единствено во светот

35

Дом на реликтниот ендемичен вид на Вилинско ракче е локалитетот Локва, во пелагониската рамнина, во близина на с. Големо Коњари. Ова е единствен регистриран локалитет во светот во кој опстојува овој ендемски вид, кој е вклучен во категоријата на загрозени видови. Дождовни локви расфрлани на необработлива засолена почва која се користи како пасишта, лоцирани во близина на селото Големо Коњари (прилепско) го сочинуваат локалитетот соодветно наречен, “Локва”.

 

Тој  е остаток од некогашното пространо Пелагониско блато и изобилува со уникатна ендемична фауна, меѓу кои најзначајно е вилинското ракче, велат познавачите на овој регион, кои бараат заштита на локалитетот, каде опстојува вилинското ракче, како природна реткост. Станува збор за самовилско ракче (Chirosephalus pelagonicus) кој што живее, на локалитетот „Локви“  и е единствено во светот. Вилинското ракче е со големина од 2 см. Својот животен циклус го почнува рано напролет, а го завршува при крајот на мај кога женките полагаат јајца. Тие имаат дебела обвивка за да може да опстанат скриени во трските во текот на студените зими и летните суши кога локвите пресушуваат. Така, идната пролет при поволни услови се развива повторно вилинското ракче на длабочина до 60 см.

Но , месното население често пати ја обработува земјата и површината околу тие локви и доаѓа до уништување на тие животинчиња односно на самовилското ракче. Пред десетина година заштитниците на животната средина и биолозите бараа заштита на  локалитеот, како строг природен резерват.

Резерватот се простира на 25 хектари, а карактеристично е и тоа што  водата е солена поради почвата. Мештаните откако беше откриен овој раритет се потсетуваат.

Дедо Сотир од Големо Коњари со својот бастун ни покажува во правецот на  локалитетот Локва,  оддалечен два километри од селото. Вели таму во барите, ракчиња во пролет има безброј , но мештаните ниту знаеле ниту претпоставувале дека нив ги има само тука.

– Како млад тука ја пасев стоката. Кој знаел дека такви ракчиња имало?! Кого го интересирало? Инаку, тоа таму е мочуриште и има два три вира поголеми- вели тој

– Посебнa е тука самата земја.  Кога ќе фати сонце, земјата како со сол да е побелена и овците кога пасеа одеа и лижеа од земјата – вели еден овчар.

– Ракчињата се со големина два сантими и тие со раце се фаќаaт. А,водата кога намалува може да ги видите во поголем број – раскажува еден од локалните мештани

– Барите во лето се сушат, но вилинското ракче опстојува, раскажуваат нашите соговорници.

Во 2003 година е донесен закон за прогласување на локалитетот „Локви“ кај Големо Коњари, Прилепско за Строг природен резерват. Вкупната површина на резерватот е определена на 50 ха. Во член 3 од овој закон се вели дека „Министерот за животна средена и просторно планирање ги пропишува мерките за спроведување на заштитата на строгиот природен резерват ’Локви’ – Големо Коњари во рок од три месеци по влегувањето во сила на овој закон“ (Службен весник на Република Македонија, бр. 71, 5 ноември 2003 година, стр. 4)

Подоцна, во 2010 година, локалитетот „Локви“ е прогласен за споменик на природата, кој во законската хиерархија е од понизок ранг на законска заштита. Според екологистите, самовилското ракче (Chirocephalus pelagonicus) се става во редот на видовите со екстремна загрозеност.

Освен вилинското ракче, во трите бари на локалитетот „Локви“ кај селото Големо коњари, прилепско, се евидентирани уште 50 други животински видови од кои 16 се регистрирани во Европската книга на природни реткости. Нивните домови се загрозени од климатските промени, но и од човековото влијание.

nevideno bogatstvo opstojuva kaj prilepski lokvi 9

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе