СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

МАКЕДОНИЈА ЧЕТВРТА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

ПАРАГЛАЈДЕРСТВО 

245

Параглајдерскиот тим на Македонија со 42 негативни поени го освои високото 4. место на Светското првенство во дисциплината прецизно слетување, одржано на Спортскиот аеродром кај Мало Коњари, Прилепско. На конечниот пласман, меѓу 32 тима, пред Македонија се само Јужна Кореја – прва со 10, Чешка со 14 и Словенија со 29. Од Балканот државите ги зазедоа следните места: Косово – петто, Србија – 10, Албанија – 13, Бугарија – 15, Турција 17, Хрватска – 21, Романија – 26. Учествуваа големи држави, како Шпанија, Русија, Франција, Велика Британија, Германија, Јапонија, САД, Италија… Поединечно, во апсолутна конкуренција (мажи и жени) меѓу 129 учесници, шампион е Сеунгил Ан (Јужна Кореја), пред Властимил Вахтл (Чешка) и Дагеом Ли (Јужна Кореја).

Од македонските претставници, во отсуство на Мартин Јованоски кој беше во улога на организатор, најуспешни се Кристијан Темелкоски (29. место) и Борјан Јованоски (30), а другите се подолу – Миле Јованоски (63), Адам Спиркоски (80), Бојан Уфчески (82) и Александра Уфческа (103). На табелата само во женска конкуренција меѓу 31 учесничка, најдобра е Дагеом Ли (Јужна Кореја), пред Маркета Томаскова (Чешка) и Енјанг Чо (Јужна Кореја), додека единствената Македонка, Александра Уфческа е на 17. место. За одбележување е што и во тешки временски услови, Прилеп и Крушево (од каде беше стартот) беа одлични домаќини на најдобрите параглајдеристи од целиот свет.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе