ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

МВР: Во сообраќајката на двата автобуси 40 лица повредени

459

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со детали за сообраќајната незгода меѓу два автобуси која се случи вчера во населбата Точила во непосредна близина на црквата „Света Петка“:

„На 03.05.2022 околу 05.45 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Браќа Миладиновци” во населба Точила во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „Ман” со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.С.(60) од Прилеп и автобус „Мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ц. Ц.(68) од Прилеп, двата превозници на работници од фирми, од кои едниот бил празен, а другиот бил со патници.

Во несреќата седум лица (К.Н., П.Т., М.И., М.Д., Б.П., Д.Ѓ. и А.М.) се здобиле со тешки телесни повреди, а 33 лица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп, “ стои во информацијата од МВР.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе