CSS Template

МИКРОСАМ- 30 години генијалност во решенија за производство на современи композити

665

Прилепската компанија „Микросам“ слави 30 години постоење, иновативност и уникатност на светскиот пазар. По тој повод

од петок (05.03.2021 година до 25.03.2021 година) ќе биде отворена изложбата „МИКРОСАМ – одбележување на 30 години македонска генијалност во решенија за производство на современи композити“ на која посетителите ќе можат да видат примероци и материјали кои се плод на досегашната работа на „Микросам“, како и специјално и со големо внимание дизајнирани календари, постери од машини произведени од врвни професионалци, примероци изработени на самите машини, награди и признанија, слики и видеа од целокупното 30 годишно постоење на „Микросам“.

Микорсам, од мала компанија основана во 1990 од страна на Благоја и Лилјана Самакоски, достигна до глобален лидер за производство на роботски и ЦНЦ машини за композитни материјали. Пратејќи ги сите најнови технолошки решенија досега има инсталирано над 280 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа.

„Микросам“ започна со бројка од само 5 вработени и порасна до 190 вработени, инвестирајќи во континуирана обука и динамична, напредна средина со нови проекти и достигнувања.  

Во 1999 година, „Микросам“ го промовираше првиот македонски робот вграден во машина за производство на композитни материјали за ракетната и авиоиндустријата. Веднаш потоа роботот се најде на најголемиот индустриски саем во Хановер – Германија. Ваквото достигнување беше наградено со повеќе признанија и награди како „11 Октомври“, „3 Ноември“, Гран при на изложбата на иновации „Макинова“ и многу други.

По 13 години светска препознатливост, Микросам ги постави темелите на официјалното седиште во Прилеп .Фабриката го доби својот вистински лик – огромни хали со врвна технологија и простор за производство на нашите машини, административна зграда со посебна душа и  место на споделување на идеи и двор со прекрасно зеленило за дружба на сите вработени.

„Микросам Академија“

Добредојдовте во „Микросам Академија“ беше мотото во 2005 година. Академијата од нејзиното основање до денес, верува дека сите луѓе можат да учат! Имплементира обуки за програмери, машински и електро инженери и Клуб за талентирани средношколци со поттик на интелектуалниот и личниот развој на талентираните млади луѓе за да бидат спремни на нивните светски достигнувања.

Втората декада во 2009 ја затвори со основање на Приватната Научна Установа – „Институт за Современи Композити и Роботика“ кој е единствен институт со лабораторија од ваков тип во Југо-источна Европа.

Третата декада ја исполни со доста напредни решенија со кои може со гордост да кажеме дека ова е производство на македонски инженери. Ја снабдибританската компанијаGKN Fokker и испорача во Холандија за истата напредна опрема за развој на делови за авиони направени од термопластични композити. Дел од опремата е машина за автоматско полагање на композити или AFP, опрема за слитувањена препрег и машина за термопластична консолидација.

Заеднички со НАСА и „Џенерал атомикс“ од САД, за производство на делови за вселената, изработија производна ќелија за тродимензионално печатење во простор на современи композитни материјали со повеќе роботи.Идејата за производство на композити без алат конечно стана реалност. Ваквата најнова технологија беше претставена на најголемиот светски саем за композити, JEC World 2019, кој се одржува секоја година во Париз и се здоби со финалист на светски познатиот саем за композити во САД – CAMX2019.

Како една од наградите за триесетгодишниот успех на „Микросам“ е наградата  за животно дело со златна лента на проф. д-р Благоја Самакоски – „Креатори за вековите“ („Stvaratelji za stoljeća“) наМеѓународниотекономскифорум „Перспектива“(MEF “Perspektive”) во Дубровник, Хрватска за неговиот придонес во развојот на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа. Да се ​​биде во друштво на претходни престижни лауреати на оваа престижна награда, за компанијата е голема чест и одговорност. DUM SPIRO SPERO, или со други зборови: секоја мотивација, награда, дава уште поголема желба за поголеми успеси.“ – вели професорот на своето интервју при приемот на ваквата награда.

Декадата ја заврши во 2020 година со успешна испорака на најголемата роботизирана и автоматизирана производна линија за ЦНГ и Хидроген резервоари во светот

Духот на „Микросам“ кој го има кај сите вработени е она што ги води да се вистински професионалци и херои, затоа што за секој „микросамец“ само небото е граница!

„Микросам“ во своето тридецениско постоење навистина докажа дека е вистински бренд амбасадор на Македонија во светот и продолжува да докажува дека земјата има голем потенцијал и капацитет да ги задоволи и најкомплексните решенија во областа на високата технологија.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni