CSS Template

Мирноносни цвеќиња за бебињата родени на Божик и во прилепската болница

70
Avtokontrol1

Сликарот и хуманист Живко Поповски Цветин, повторно со хуман гест ги израдува и ги „обои“ најрадосните денови за родилките во повеќе болници во Македонија. Неговите слики на 8 јануари вториот ден од Божиќ, им беа подарени на новороденчињата, мајките и  медицинскиот персонал кој и во овие отежнати услови заради пандемијата со Ковид  19, се трудат на мајките и на бебињата да им обезбедат оптимални услови.

Во Прилеп, во мирноносната мисија и акција на Цветин, беше вклучен поетот Филип Димкоски кој токму на 8 јануари го посети гинеколошко-акушерското одделение во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ каде подари слики од Живко Поповски Цветин, како и книги од неговото творештво. Сликите од Цветин и книгите од Димкоски ги добија шесте родилки и нивните бебиња кои на 7 ми и 8 ми јануари дојдоа на свет, а и дежурната медицинска екипа во состав: д-р Христина Мандроска, сестра Мариче Мирческа, сестра Весна Митреска и болничарката Елизабета Свеќароска.

Мајките беа пресреќни на ваквата посета, а медицинскиот персонал изрази благодарност што некој помислил на нив и ги израдува на ваков начин. Подароците покрај во прилепската, пристигнаа и во други болници низ Македонија како во „Аџибадем систина“, Битолската клиничка болница „Трифун Пановски“, Општа болница „Ферид Мурат“ во Гостивар, „Ремедика“-Скопје, Специјалната болница за гинекологија  и акушерство „Мајка Тереза“ во Скопје, општите болници во Струмица, Гевгелија, Велес, Куманово, Кичево, Охрид, Тетово, Струга…

Години наназад, Цветин своите цветни подароци ги даруваше во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар, како и преку Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Скопје.

Важно е да се спомене дека Живко Поповски – Цветин во 2003 година имаше изложба „Цвеќе на радоста, љубовта“, во Специјалната болница „Мајка Тереза“, а неколкупати потоа исто така подари свои мироносни цвеќиња за новороденчињата во оваа специјална болница. Поповски има подарено слика-цвеќе за  петмилијардитиот жител на Планетава што се роди во Загреб за време на одржувањето на „Универзијадата“ во 1987 год. Сликарот Живко А. Поповски ја негува убавината на историјата на светот, во цветот.


semm
Farma Dolneni
Kreas
Vivafarm