СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Михаела е “нордиско злато” на Прилеп и Македонија (ВИДЕО + ФОТО )

Младата прилепчанка Михаела Даноска ита кон целта

2.111

Со само седумнаесет години , прилепчанката Михаела Даноска го живее својот сон , еден ден да биде нордиска скијачка со која ќе се гордее Македонија. Макотрпно со подршката од семејството но и луѓето кои работат со неа се пробива низ светот на скијањето , спорт на кој треба целосно да му се препуштиш за да те одведе кон врвот. Михаела е од населеното место Големо Коњари, девојка која посветено се надоградува , со тренинзи , настапи на натпревари и покрај тоа што условите во земјава за тренинзи на скијачите речиси и да се на маргините.За себе вели дека во секој момент од нејзиниот тинејџерски живот се посветува на скиите во зима и на ролерите во лето , зашто тренира и настапува и во двете годишни времиња се со цел да собере што поголемо искуство но и резултати и времиња достојни за олимписка норма.

Имав желба да пробам , секогаш кога имав тренинг се повеќе растеше желбата да се пробам во овој спорт и затоа многу го засакав.Ова мие четврта година како активно сум вклучена во скијањето. На почеток тренирав со клубот Олимпик Ски каде сум и членка , и со тек на време како што имав подобри резултати влегов во репрезентација и потоа продолжив да тренирам со селекторот Ѓоко Динески. Сакам да кажам дека секој ден имаме различен тренинг и тоа ме исполнува еве веќе четири години, вели Михаела за Радио Пела.

Михаелла ја има целосната подршка од своето семејство. Како што вели нејзиниот татко Рубин , не е ништо незамисливо , се може да се оствари ако имаш желба и волја , а таа тоа го има вели тој ,  и до крај ќе ја има мојата подршка а и од останатите во семејството за целопниот нејзин ангажман во скијањето. Не е мала работа да се тренира и дење и ноќе за да се постигне што подобар резултат во нордиското скијање , вели Даноски кој посакува неговата ќерка да стигне до посакуваната цел , а тоа сигурно е учество на престојната зимска олимпијада во Пекинг.

Михаела го има светскиот код за настап на големите натпреварувања но во исто време таа го поседува и спортскиот инает да биде успешна во она што го работи а со своите седумнаесет години со сигурност е “нордиско злато” и вистински амбасадор на Македонија. Во продолжение погледнете ги и разговорите во целост, со неа , нејзиниот татко и секако човекот со кого од  ден на ден прераснува во нордиски репрезент за почит.

Подршката за Михаела е потребна , не само како спортист туку како личност чија желба е и како многумина,  да бидат спортисти со врвни дострели . Денеска дојде и подршката и од агенцијата за млади и спорт а во нивното соопштение на официјалната фејзбук страница се меѓу другото се вели :

Ги информираме сите љубители на снежните спортови во нашата држава дека спортот биатлон конечно го добива заслуженото место во новата Биатлон федерација на Северна Македонија која е полноправна членка на Светската Биатлон Организација (ИБУ).
Биатлон федерацијата на Северна Македонија е единствена организација која може да го развива овој вид на спорт, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Македонски олимписки комитет.
Целта на Биатлон федерацијата е развивање и унапредување на биатлонот во број еден зимски спорт во Република Северна Македонија.
Сакаме да истакнеме дека е отпочнат проект за изградба на биатлон стадион согласно сите светски стандарди, со што ќе се обидеме да ја направиме нашата држава препознатлива на светската биатлон карта.Агенцијата за млади и спорт и Биатлон федерација на Северна Македонија ќе отпочнат програми за запознавање, презентирање и развивање на овој вид спорт кај децата и младитe.
Натпреварувачите кои ќе бидат дел од репрезентацијата на Северна Македонија во соработка со Агенцијата за млади и спорт ќе добијат максимална поддршка за што подобри резултати во светски размери. Веќе се во тек сите подготовки за настап со ИБУ Купот.
Се надеваме дека биатлонот за кратко време ќе стане број еден зимски спорт и сите заедно ќе се радуваме на големите успеси на нашите репрезентативци

На крајот посакуваме само успеси за ова “светско а наше” девојче кое  мора да оди напред.Тимот на Радио Пела е со тебе , само напред !!!

 

 

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе