CSS Template

Младите го обновија древниот обичај ПРЕД БОЖИК: “Дева“ кој се празнува само во Крушево и во Витлеем (ВИДЕО)

171
Avtokontrol1

Крушево е единствениот град во Македонија каде што за коледе не се палат традиционалните коледарски огнови. Но, само во Крушево и во Витлеем се празнува празникот, ДЕВА, што означува најавување на раѓањето Христово. Млади момци заедно со витлеемската ѕвезда, црвена ѕвезда, шестокрака, и со песната „Дева, Деване“, шетаат по крушевските куќи и така на домаќините им го најавуваат раѓањето Христово.

ДЕВА, древен обичај кој се одржува само во Крушево и Ветлеем-Подготви Сотир Маркоски, ученик од СОУ Наум Наумоски Борче

Иницијативата за обновување на традицијата и организирање на манифестацијата „Дева – во чест на новото раѓање“ и славењето на празникот според старите обичаи, ја имаат наставниците и учениците од СОУ „Наум Наумовски-Борче“ од Крушево. Тие неколку години наназад, на 5 јануари, вечерта, се организатори на оваа древна традицијата,со цел да ја зачуваат и предадат на идните генерации, како културно богатство.


semm
Kreas
Vivafarm
Farma Dolneni