ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Музичкиот караван „Македонијо во срце те носиме” гостува во Прилеп

456

Караванот „Македонијо во срце те носиме” утре, среда (27 септември) ќе гостува во Прилеп. Концертот е со почеток во 20 часот, а ќе се одржи на плоштадот „Методија Андонов – Ченто”. Учествуваат плејада на естрадни уметници, музички ѕвезди од Македонија: Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

На репортоарот се едни од најпопуларните родољубиви песни: „Заветна”, „Налеј, налеј”, „Народе македонски”, „Едно име имаме”, „Земјо македонска”, „Ој, Вардаре”, „Оган да го гори”, „Послушајте патриоти”, „Ми заплакало село Ваташа”,  преработени од Николче Мицевски. Проектот „Македонијо во срце те носиме” е во реализација на Скендеровски продукција. Овој музички караван на задоволство на публиката досега пропатува во Штип, Битола и Велес.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе