ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Натпревар вреден Прва лига

171

Минатата сабота беше големото фудбалско дерби од Втората лига – Исток, во кое Победа дома, пред 5000 гледачи, со 3:0 ја совлада Беласица. Прилепскиот тим е на врвот од табелата, и не само тоа, туку веќе денеска има можност да го освои првото место и да стане прволигаш. Услов е да го победи Пехчево, а во Струмица Беласица да ја совлада Слога. Секако дека нема да е лесно ни за прилепчани ни за струмичани, затоа што Слога се бори за враќање на првото место, а Пехчево за опстанок. Оттука и привлечноста на дуелите, така што во Прилеп може да очекуваме пак посета од 5000 гледачи.

ПРЕТПОСЛЕДНО, 26. КОЛО, денеска од 17 ч.: Победа – Пехчево (Градски стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп), Беласица – Слога, Локомотива – Братство, Саса – Кожуф, Осогово – Детонит.

ТАБЕЛА: Победа 56, Слога 55, Беласица 53, Саса 45, Кожуф 34, Пехчево и Детонит по 30, Осогово 27, Братство 14, Локомотива 6.

Извор: www.shampion.mk

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе