ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Најавен протест пред Општината и патна блокада на надвозникот Прилеп – Витолиште

188

Иницијативниот одбор за поттикнување на развојот на областа Мариово најавува голем мирен протест и патна блокада за петок, 15ти март. Блокадата на надвозникот на патот Прилеп – Витолиште, кај Ново Лагово е најавена да трае од 8 до 10 часот, а мирниот протест ќе се одржи пред зградата на општина Прилеп од 10 до 12 часот истиот ден.

Како што се наведува во соопштението причина за протестот е потценувачкиот и понижувачки однос на институциите и крајното запоставување на развојот на областа Мариово, како и беспримерната експлоатација на природните ресурси со крајно запоставена патна мрежа и запоставување на воодоснабдувањето и неорганизираниот пристап кон овој проблем, запоставување на проблемите на сточарите, земјоделците, пчеларите и другите индивидуалци и стопански субјекти, запоставување на здравството и несодветни решенија со нецелисходно трошење буџетски средства.

Ова е трет протест кој се организира од Иницијативниот одбор за поттикнување на развојот на областа Мариово, а втора блокада со цел да се предизвика поголемо внимание кај институциите и јавноста за решавање на проблемите со кои се соочени жителите на Мариово, како и луѓето кои потекнуваат од овој регион.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе