CSS Template

На врвот Козјак оставете порака во кутијата

120

Еве, добра причина утре, недела, да го посетите врвот Козјак (1.747 метри). Качете се на највисокиот врв Козјак на Баба планина, прилепско, и оставете порака во кутијата која денеска ја поставија Спасителната Служба „Златоврв„, зацрстена на препознатливата железна топка, која е опложена со стакло и натпис со името и височината на врвот. (Јас немам податоци кога бил поставена топката која со децени стои и го краси овој врв! Доколку имате Вие, дополнте ја мојта инфомрација)

Инаку, во кутијата за пораки, која ја постави Спасителната Служа „Златоврв“ има нотес и пенкало, и со тоа веќе, двоен е предизвик за сите љубители на планинарењето да се искачат на врвот, а сега и да го регистрираат својот подвиг, со оставање на порака, име, презиме, убава мисла….

Кутијата е поставена и како предизвик и поттик за младите да започнат нова авантура и што почесто да ги посетуваат планинските предели, да ги освојуваат планинските врвови и да ја засакаат природата и планините.

“Ова е нов проект на Спасителната Слижба „Златоврв“ кој има цел младите да ги поттикни и да ги вклучи во планинарењето, со цел да ја посетуваат природата. За таа цел, не само на врвот Козјак, туку планираме на сите поголеми планински врвови , да поставиме кутии за пораки, со надеж дека ќе ги инспирираме и мотивираме младите да дојдат, да планинарат и до ги посетуваа планинските врвоите во Македонија„- рече Дарко Неданоски, претседател на Спасителската Сужба „Златовров“ – Прилеп

И, така, сега, кога ќе стигнете на врвот Козјак, не заборавјате да ја отворете кутијата и во нотесот да го запишете својето име, како доказ за вашта искрена посета на планината и врвот.

Козјак е врв на планината Бабуна, недалеку од Прилеп, во средишниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 1.747 метри, со што тој е највисокиот врв на планината Бабуна и воопшто во Прилепско. Врвот се наоѓа на огранката на Бабуна наречена Борула, во непосредна близина веднаш над селото и првојот Плетвар во североисточен правец, како и над селата Крстец во југоисточен и Ореовец во источен правец.

Козјак е често посетуван врв и до него водат добро обележани планинарски патеки од Плетвар и Крстец, а на него се искачува и минува трасата на големиот ултрамаратон во планинарско трчање „Крали Марко треилс“. На самиот врв се наоѓа голема железна топка обложена со стакло и натпис со името и височината на врвот, со што е препознатлив изгледот на врвот Козјак.

Како и сите планини со варовнички состав, Козјак е многу богат со подземни пештери и пропасти, од коишто некои се полни со вода во дното.[1] Попознати од нив се две: една на врвот (Дуова Пештера), друга по западната падина над с.Ореовец (Рамниште).Непсредно под врвот на југозападната страна се наоѓа познатата Дуова Пештера, а на источното подножје се наоѓа и пештерата Рамниште.


semm
Farma Dolneni
Vivafarm
Turtel