ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

На Градски, рамноправна борба, Победа освои бод

156

На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп во мечот од 11. рунда на фудбалската Првата лига на Македонија, Победа – Академија Пандев 1:1. Близу три илјади гледачи повеќе очекуваа. Тие веруваа дека домашните ќе освојат нови три бода, по минатонеделната сензационална победа од 3:0 врз Силекс во Кратово. Но, денеска само три удари упатија прилепчаните, два покрај и само еден во рамките на голот, кој, всушност, ја затресе гостинската мрежа. Тоа беше убав гол од далечина на Хамза Рамани во 75. минута за израмнување на резултатот на 1:1. Потоа и претходно – ништо. Струмичаните беа сосема рамноправни на теренот и први постигнаа гол во 60. минута преку Кристијан Велиновски, по асистенција од левата страна. Гостите, ако се има предвид дека петпати шутираа, трипати во голот, еднаш ја затресоа мрежата, сосема заслужено имаат бод.

ПОБЕДА (4-3-3): Тофилоски – Бошески, Ѓурковиќ, Стомнароски, Хани (65. Галевски) – Рамани, Паноски, Дадет (60. Петејчук) – Мазари, Тодоров, Џејмс (65. Б. Спиркоски). Тренер: Бобан Бабунски.

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (4-3-3): Јовановски – Ивановски, Димов, Акоста, Цигарски –Димоски (81. Ѓорѓиевски), Ангелов (71. Трајков), Најденов – Велиновски, Крстевски (71. Томовски), Митровски. Тренер: Александар Васоски.

ДРУГИ РЕЗУЛТАТИ ОД 11. КОЛО: денеска Македонија ЃП – Скопје 2:0, Брегалница – Силекс 2:3, Работнички – Шкендија 2:4, утре Шкупи – Струга.

Извор: www.shampion.mk

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе