CSS Template

На денешен ден роден е Марко Цепенков

59
Avtokontrol1

На денешен ден, 7 ноември, во 1829 година во Прилеп е роден Марко Костов Цепенков, еден од најистакнатите собирачи на македонскиот фолклор. Цепенков грижливо ги собирал македонските народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја и за правото и за моралот на Македонците.

Тој е автор на неколку публикации напишани на македонски јазик. Македонскиот институт за фолклор го носи неговото име, а во Прилеп Центарот за култура. Неговата автобиографија претставува богат избор за проучување на целокупниот живот на Прилеп, но и пошироко во Македонија, од тоа време. Творештвото на Цепенков е собрано во десет книги. Умре во Софија, на 29 декември 1920 година.


semm
Farma Dolneni
Penata
Vivafarm