СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

На патот Прилеп – Битола пресечен меѓународен канал за транспорт на марихуана

922

На 20.10.2021 во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјална антитерористичка единица „Тигар“ и ОВР Прилеп пресечен е меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, од Р.Албанија преку нашата држава со крајна дестинација за Република Грција, во  вредност од околу 200.000евра.

Имено, на патниот правец Прилеп-Битола од страна на сообрaќајна полиција запрено е патничко возило „пежо карван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(31) од Скопје и при извршена контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола и возилото не било технички испрвно, а по извршениот преглед биле пронајдени две патни торби во кои имало 9 големи пакувања марихуана, во вкупна количина од 50 килограми.

М.Ј. е лишен од слобода, за настанот известен е Јавен обвинител од ОЈО Прилеп и се преземаат мерки за утврдување на евентуална инволвираност и на други лица при транспортот на дрогата, по што од страна на ОВР Прилеп до надлежното ОЈО Прилеп ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе