ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

На Светскиот ден на здравството, 7 Април на протест излегуваат матичните лекари

86

Симболично на утрешниот ден – Светски ден на здравјето, Здружението на приватни лекари во земјава го оргазнизира третиот по ред протест, откако претходните два не вродија со плод, а нивните барања не беа исполнети од страна на здравствените власти

Со мирен протест ,кој ќе започне утре напладне пред Министерството за здравство, матичните лекари од земјава ќе го изразат своето незадоволство од, како што велат, немањето слух на здравствените власти за нивните потреби.

Меѓу главните барања на матичните лекари е покачувањето на капитациониот бод од 60 на 90 денари по пациент, според кој Фондот за здравство им исплаќа плата на матичните општи лекари, затоа што како што велат, „сè е поскапено, а здравството не е бесплатно“. Воедно, тие додаваат оти 30 години добиваат исплата за нивниот труд со задоцнување од неколку месеци. Меѓу другото , едно од клучните барања на Здружението на матични лекари е и воведување законски измени, со кои пациентите не би се воделе на име на лекар, туку на име на здравствената установа, за да не се случи да останат без матичен лекар по неговото пензионирање.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе