ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

На 11ти јули концерт на „LOCKDOWN“ со екс-ју хитови на камената бина во Прилеп

91

Пишува Кјара Кондоска:

Во четврток на 11 ти јули ќе се одржи концерт на популарната прилепска група „ LOCKDOWN” . Настапот ќе се одржи на камената бина во Прилеп со почеток во 21 ч и ќе трае до 12:00 ч . Ова ќе биде трет целовечерен концерт од проектот „ Од О до култура “.

„Lockdown“ е бенд,основан во 2020. Поставата е менувана многу пати, а за оваа сега се вели дека е најдобра, Нена Тодороска на микрофон, Кирил Младеноски на гитара, Михаил Грашкоски на тапани и Димитар Јованоски на клавијатури. Млади, надежни, талентирани, препознатливи по своите акустични свирки на ex-yu музика, каде можете го слушнете и Здравко Чолиќ, ама и Прљаво Казалиште, Зана итн.

 

„Некои од овие хитови публиката ќе ја вратат во младоста, а на некои ќе им бидат одлична можност за да ги слушнат во живо. Добар репертоар, пред се’ разновиден, кој ќе потсети на поголемиот дел на ex-yu хитови, од сите безвременски бендови, а и ќе прелета по некој англиски хит. Дојдете да ги слушните најдобрите ex-yu хитови, па можеби и некој англиски хит и да направите незаборавна журка со младите,“ велат организаторите.

„ОД НУЛА ДО КУЛТУРА“ е проект во организација на Општина Прилеп кој што се реализира со цел музичка и културна едукација, а во исто време и презентација на млади музичари од општината и нивна промоција.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе