CSS Template

Невена е голем адут на бк Ас во македонскиот женски бокс

479

Деновиве во Лесковац Србија се одржа интернационален боксерски турнир на кој дебитираше членката на боксерскиот клуб Ас Невена Стојаноска во кадетска конкуренција, во категоријата до 45 килограми. Противничка и беше искусната Нада Кривачевиќ од бк Витез од Ниш.

Невена Стојаноска тренира веќе 2 години во нашиот клуб. Редовна е на тренинзи , дисплинирана и амбициозна во боксот. Што се однесува за првата нејзина борба можам да кажам дека имаше доста искусна противничка и сум презадоволен од нејзиниот настап. Од нејасни причини судијата и броеше два пати на Невена и автоматски борбата се прекинува. Невена настапи храбро тенички и тактички и пласира неколку снажни удари на противничката, Ова е само почеток и оваа борба е минато , планираме наредни борби за Невена и успешно да го претставиме нашиот клуб , вели нејзиниот тренер Дарко Чатлески за Радио Пела.Подолу и нејзиниот настап на турнирот во Србија

Со овој деби настап на меѓународна сцена Стојаноска влегува во боксерски ритам , и како што очекуваат од клубот , таа е нивниот голем адут за државните и меѓународни натпревари.


semm
Farma Dolneni
Vivafarm