CSS Template

Неданоски од Спасителната служба Златоврв:„За овој 21-ви век Е ДОСТА! ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ ЗА НАС НЕМА ЦЕНА!БАРАМЕ ОДГОВОР И ОДГОВОРНОСТ!„

452

Револтуран од односот на институциите поради не заинтересираноста и не грижата за состојбата со спасителните служби, во кои се доброволци, но обучени лица, со професионално портфолијо и многу спасувачки акции, поттикнат и од последните немили настани кои се случија во Македонија, во кратовско, кога овчар 12 часа во планина лежеше во снег во неможност да добие лекарска помош, кога младо момче беше повредено при спуштање од врвот Козјак итн…, Дарко Неданоски, Претседател на Спасителната служба „Златоврв“ – Прилеп, Претседател на Спелеолошката Федерација на Македонија, учесник на многубројни спасувачки акции…, на свој фејсбук профил им се обрати на релевантните институции во кои бара поголем слух за заедничка соработка и поддршка, со цел да се обучат млади генерации за помош и спасување и да се донесе законска регулатива за спасителните служби во Македонија. За жал, иако дописот до надлежните е од минатаа година, како што вели тој, досега не добил можност за средба.

Па, обрајќањето до нив морало да се одвива преку социјалните мрежи. На својот фејсбук профил Дарко Неданоски напиша :

„За овој 21-ви век Е ДОСТА! БАРАМЕ ОДГОВОР И ОДГОВОРНОСТ!ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ ЗА НАС НЕМА ЦЕНА! „ А, во продолжение во целост Ви го пренесувме неговто обрајќање:

OБРАЌАЊЕ ДО: Претседателот на државата, Претседателот на Владата, Министерот за Одбрана, Министерот за Внатрешни работи, Директорот на Центар за Управување со кризи, Директорот на Дирекција за заштита и спасување, до сограѓаните и сите медиуми

Почитувани, со огромна почит до Вас, вашите позиции, функции и досегашна работа јавно Ви се обраќам, бидејќи е крајно време да се превземат конкретни мерки во врска со Планинските Спасителни Служби во Македонија. Јас, Дарко Неданоски од Прилеп кој имам поставено државен рекорд за спуштање во длабочина на -950м, како раководител на Спасителната Служба Златоврв Прилеп, која дејствува во Пелагонискиот регион, како учесник на многубројни спасувачки интервенции, експедиции, обуки, конгреси, како Претседател на Спелеолошката Федерација на Македонија, чија дејност е спасување на непристапни терени, планини, пештери, водени површини, па се до индустриски зони, и пред се КАКО ЧОВЕК ОД НАРОДОТ, чуствувам потреба и обврска директно да учествувам во последниот проблем кој предизвика огромен бес и непочит кај сите нас кои се занимаваме со оваа дејност. Сведоци сте на сите наши подвизи, на секој наш чекор и секоја наша интервенција во последните неколку години, за кои благодарејќи на народот и медиумите сме и повеќе од доволно познати и споделувани. После илјадници обиди, молби и барања Ние како служби да бидеме обезбедени со закон, ОДГОВОР НЕМА!

Почитуван Директоре на Центарот за Управување со кризи, крајно не професионално е од Вас како надлежен орган да не одговорите на Барањето за средба кое го доставивме до Вас уште во месец декември, минатата година (го проследувам во продолжение)

.⚠️За жал, постојат уште многу немили настани кои не се јавно споделувани, а за кои лично јас и мојот тим сме биле сведоци! Тука ќе го споменам и настанот од пред неколку денови, кога младо момче беше повредено при спуштање од врвот Козјак и каде што ние како единствена екипа пристапивме и после неколку часовна борба со времето, тежината на интервенцијата и немањето ОСНОВНА опрема за спасување извршивме успешна интервенција. Во последните неколку месеци во Прилеп и околината имаше голем број случаеви за дејствување, каде што повторно со огромна љубов и професионалност пристапивме на истите и целосно се посветивме и дадовме се од себе.

⚠️Една од нашите цели е да имаме услови и поддршка да ги обучуваме младите генерации да продолжат да создаваат безбедна иднина и да ја прошират нашата дејност, но моментално тоа не го можеме.

🙌Голема поддршка до колегата од Псс Охрид Планинската Спасителна Служба во Охрид, кој пред малку го сподели своето мислење и оваа прилика ја користам ДА АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ СЛУЖБИ КОИ СЕ ЗАНИМАВААТ СО ОВАА ДЕЈНОСТ, ДА СЕ СПЛОТИМЕ И ДА ГО БАРАМЕ НАШЕТО ПРАВО! ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ ЗА НАС НЕМА ЦЕНА

🙌Огромна почит за хуманоста и храброста на учесниците на интервенцијата во Кратовско, верувам дека нема зборови со кои може да се опише тежината на еден таков подвиг, потврдувам од лично искуство кога пред неколку години се најдов во иста таква ситуација

.⚠️За овој 21-ви век Е ДОСТА! БАРАМЕ ОДГОВОР И ОДГОВОРНОСТ!

Со почит, Дарко Неданоски Спасителна служба Златоврв


semm
Farma Dolneni
Vivafarm