CSS Template

Нешто за симптомите на вирусот и улогата на матичниот лекар за време на КОВИД 19 – ПЗУ Лек М&M

625
Avtokontrol1

Лекарот по општа медицина ја има улогата на одржување на здравјето, дијагностицирање и лекување на болести, повреди и други физички и ментални нарушувања кај пациентот. Кога избирате матичен лекар, не барајте имиња туку барајте препораки од задоволни пациенти. ЗАПОМНЕТЕ! Во изборот може да Ви помогна само корисни препораки засновани врз лични искуства на луѓето за одреден лекари.

Матичната докторка,  Марија Силеска со нејзиниот тим, дип.медицинска сестра, Мадилда Спиркоска, од здравствената ординација Лек М&M , велат дека се вклучени во процесот на дијагностицирање, во надзор на здравствената состојба со следење на развојот на симптомите и водење на своите пациентите кај кои постои сомнеж дека се заразени од коронавирус.

“Пандемијата безмилосно напаѓа, па грижата за пациентите е поголема. Во оваа новонастаната здравствена состојба поодговорна е и улогата на матичниот лекар,  кој така речено, е на првата линија со болеста, бидјеќи лицата со симптоми од КОВИД 19 доаѓаат, прво, кај матичниот доктор, кој треба да даде правилна дијагноза за состојбата на пациентот. Одговорноста е голема во дијагностицирањето на состојбата кај пациентот – дали во ова време, симптомите се настинка, грип или коронавирус, бидјеќи не смееме поради лоша процена на лекарот да го ставиме пациентот во ризик, од една страна, ниту пак да го оптеретиме и онака кревкиот здравствен болнички систем, со упатување на пациенти во болничките одделенија, а имаат можеби само симптоми на настинка или грип, кое се лекува во домашни услови. “- велат од ПЗУ Лек М&M , нагласувајќи ја важноста на матичниот доктор во оваа новонастаната здравствена состојба.

Каква е улогата на матичниот доктор?!

Ако имате треска, кашлица и отежнато дишење, побарајте лекарска помош – навреме јавете се кај својот матичен лекар. Избегнувајте јавни места за да не ги инфицирате другите. И, исто така, објаснете му на вашиот лекар каде претходно сте патувале или со кого сте се дружеле.  Односот, лекар-пациент се гради врз основа на взаемно почитување, доверба и комуникација и тоа би требало да го има како сознание секој оној кој “бира“ матичен лекар . А, лекарот е должен  да одвои време и да му ги објасни на секој кој бара здравствена помош, за постапките и можностите за лекување, без користење на медицинска терминологија.  Лекарот е должен да го ислуша пациентот и да му овозможи  да постави прашања, да се вклучи со свои забелешки.  Иако,  однесувањето на лекарите кон болните не е мерило за стручноста, лекарот би требало да биде пријателски расположен и пристапен. Но, и пациентот треба да го  исполнува својот дел од обврската во односот лекар-пациент: да доаѓа на време на лекарските прегледи, да ги извршува сите предвидени испитувања, да ги применува терапиите препорачани од лекарот и веднаш да го известите матичниот докорот за сите нови симптоми, особено кога станува збор за сиптому побрзано со новиот вирус, коронавирусот.

На прв поглед симптомите на коронавирусот, се слични на оние кои ги знаеме од вообичаената настинка или грип. Која е разлика помеѓу COVID  и настинка –  грип или настинка?!

Симпотми не типични за коронавирус:

  • Течење на нос
  • Болки во грло

Помалку типични симптоми на коронавирус, COVID 19:

  • Шлајм
  • Главоболка
  • Искашлување крв
  • Дијареа

Вообичаените симтоми на коронавирус COVID 19 вклучуваат:

  • ТРЕСКА
  • СУВА КАШЛИЦА
  • НЕДОСТАТОК НА ЗДИВ
  • БОЛКИ ВО МУСКУЛИ
  • ЗАМОР

Мали разлики – големи  сознанија

Дури и лекарите имаат потешкотии да ја утврдат разликата меѓу случаи на инфлуенца и нормална настинка кога ќе го видат пациентот. При настинка, повеќето пациенти имаат болки во грлото, потоа течење на носот, а на крај се развива и кашлица.Овие симптоми, дополнети со треска и главоболка можат да траат со денови.  Течењето од нос и болките во грло се типични знаци на инфекција на горниот респираторен систем. Оттука , оние кои киваат или шмркаат,  највероватно имаат грип или обична настинка. Споредбено, грипот ве „удира“ одеднаш: пациентото чувствува болка  во главата и екстремитетите, развива сува кашлица, гласот му станува рапав има болки во грло и има висока температура. Кога сте болни од грип не можете да „станете„ од кревет, го губите апетитот и  спиете со часови.

Новиот коронавирус нејчесто го напаѓа долниот респираторен тракт, најголемиот дел од инфицираните имаат сува кашлица, недостаок на здивт или пневмонија, но не и болка во грлото.

Симпотмите се појавуваат подоцна!

Многумина од инфицираните со новиот вирус на почетокот не покажуваат никакви симптоми. Според досегашните истражувања новиот вирус има период на инкубација од 14 дена. Доколку не сте сигурно од што боледувате консултирајте се со вашиот матичен лекар.

Важноста на Крвна слика

Крвната слика кај пациентот е од големо значење за секој матичен лекар да може да ја согледа разлика, за какво заболување станува збор и дали е потребно дополнително испитување, односно тестирање за COVID 19.

НЕ секогаш антибиотици

Повеќето настинки и грипот се предизвикани од вируси и антибиотиците се безкорисни против нив. Антибиотиците ја засилуваат одбраната на телото спречувајќи го растот на бактериите,  но исто така ги напаѓаат клеточните ѕидови или метаболичките процеси на микроорганизмите.Така делува пеницилинот, на пример! Но, тоа функционира само кај бактериите, а не и кај вирусите. Употребата на антибиотиците имаат „смисла“ само во случај кога бактеријата го напаѓа телото, преку ослабен имунолошки систем, и почнува да се размножува. Тој процес може да доведе до инфекции,  кои понекогаш предизвикуваат трајно нарушување на некои внатрешни органи . Бактериите најчесто предизвикуваат пневмонија, тозилитис, циститис или менингитис – и, во таков случај се препорачува користење на антибиотик.

Превенција:

Држење дистанца, миење на раце и носење на заштитна маска( шал, марама)


semm
Kreas
Vivafarm
Farma Dolneni
Penata