CSS Template

Николоска: Се’ е подготвено за старт на лабораторијата за ПСР тестови

2.045

Повод  Светскиот ден на здравјето 7 ми април, а причина – до каде е доопремувањето на новата молекуларна лабораторија за ПСР тестови; што ќе се постигне со зголемиот опсег на работа на Центарот за јавно здравје Прилеп и кој е бенефитот за граѓаните, разговор со директорот Драгица Николоска.

– Завршивме со комплетна реорганизација на просторот, затоа што за самата молекуларна лабораторија протоколите бараат посебни простории во кои ќе се одвиваат секој од  тие посебни процеси во текот на изолирањето, екстракција, амплификација на земените примероци на брисевите од пациенти суспектни на Ковид . Се посвети големо внимание на реорганизација на просторот, на опремување со посебни апаратури кои што помагаат во процесот на екстракција и амплификација на ДНК и РНК вирусот. Секако дека кадарот кој што е достапен во микробиолошката лабораторија во Центарот за јавно здравје требаше да се реорганизира, а воедно да се задоволи и секојдневната работа која што ја имаме и дел од тие лаборантите и лекарите специјалисти да работат и во молекуларната лабораторија.  Морам да напоменам дека голема помош и сакам да изразам огромна благодараност на Мермерниот Комбинат Прилеп кој што ја опреми илиминарната  комора, тука беше присутен Дрекслер Мајер кој што помогна да го набавиме екстракторот, во реорганизацијата помогна Гентерм, а додека почетните тестови кои беа потребни за обуката на кадарот ги обезбеди Комфи Ангел Прилеп. Сите помогнаа заеднички што побрзо да ја опремиме лабораторијата и секако да се посветиме на барањата и во услуга на граѓаните.

Со колкав капацитет ќе работи новата молекуларна лабораторија на дневно ниво?

– За почеток стартуваме со 100 тина тестови нормално потребно и персоналот и целата административна процедура околу регистрација во Мој термин со електронскиот систем, начинот на внесувањето, на креирањето на упатите тоа е процес кој што за почеток можеби ќе биде потешко но, верувам дека за многу брзо време ќе успееме да го запазиме чекорот и многу брзо ќе успееме да удоволиме на барањата на граѓаните за да се извршуваат тестови, онолку колку што ќе бидат навистина потребни.

Колкаво би било времето на чекање за граѓаните и како ќе се закажуваат тестовите за граѓаните кои патуваат во странство ?

– После земањето на брисевите од пунктот, наместо да се пакуваат и да се носат во Институтот за јавно здравје Скопје, каде што додека се предадат и одвезат до лабораторијата за вирусологија , тоа време од некои 3 до 4 часа ќе бидат скратени, па така се надеваме во текот на истиот ден резултатите ќе бидат достапни до матичните лекари кои што ќе им ги соопштуваат на граѓаните кои што закажале преку електронскиот систем на Мој термин. Резултатите од тестовите би се дознавале во текот на истиот ден, освен за тестовите за патување во странство, каде што би била потребна друга процедура, оддвоена од претходната. Имено, за тестирање на граѓаните кои патуваат во странство ќе имаат достапен телефон за закажување на термини, ќе ги остават своите потребни податоци и ќе им биде кажано кога да го очекуваат нивниот резултат и од каде ќе можат да го подигнат.

На нашата официјална веб страна која што за секого е достапна многу прегледно може да се дојде до информација за контакт телефон на кој што ќе се врши закажување на терминот за тестирање, така што во текот на оваа недела, се надевам дека во понеделник тој телефон ќе биде поставен на веб страната на Центарот за јавно здравје и на тој начин ќе можат граѓаните да дојдат до информација како и кога ќе можат да бидат контактирани, каде треба да дојдат, кои податоци треба да ги остават и кога ќе можат да го подигнат резултатот. Додека пак за останатите граѓани, за пациентите и понатаму продолжува да функционира Мој термин преку матичните лекари, само што се скратува времето на чекање за резултатите.

Кога би бил стартот со работа на лабораторијата, со оглед на процедурата околу тендерот за набавка на реагенси?

– Оној дел околу законските обрски со Законот за јавни набавки и времето за жалби, што мора да го запазиме тој период и од понеделник би можеле веќе да почнеме со работа.

Целиот разговор со Николоска, за состојбата со Ковид 19 во општина Прилеп и за имунизацијата на следниот линк:  


semm
Farma Dolneni
Vivafarm