СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

НИНА СПИРОВА – (ПОСХУМНО) Најпозната македонска пејачка на староградска и народна музика на сите времиња – Предлог бр. 12 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември„

490

Прилепчанката со „кадифен глас„

Со нејзиниот милозвучен и моќен глас остави трајни вредности, музички записи на неколку забавни мелодии кои станаа евергрини, како и на бројни бисери на староградската македонска музика

Родена е во Прилеп, 1938, а почнала да настапува од 16 години. Ќе останат како трајни вредности нејзините интерпретации на „Бог да бие кој прв почна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Судбо моја, судбино“, „Зајди, зајди, јасно сонце“, „Кажи, кажи либе Стано“ .

Нина Спирова (26.11 1938, Прилеп – 12.09 2020)

Нина Спирова засекогаш се повлече од естрадната сцена во почетокот на 1980-те години. Во тоа време од Скопје се преселила во Белград и Загреб, подоцна живеела во Германија, па во Филаделфија.

Учествувала на првите изданија на Скопскиот фестивал, а има соработувано со најпознатите македонски автори, композитори и музички аранжери, меѓу кои Драган Ѓаконовски – Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски и многу други. Има снимено над 80 композиции само за музичката продукција на МРТВ, од кој поголемиот број се хитовите: „Молчи, молчи“, „Еден бакнеж“, „Езеро мое“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“, „На овој ден“ .Со „Еден бакнеж“ на композиторот Петар Пешев учествувала на фестивалот Опатија во 1962 и добила прва награда.  Овој евергрин беше носечка музичка тема во филмот „Сенки“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски.

Еден од најголемите евергрини кои секогаш ќе нè потсетуваат на Нина е хитот „Еден бакнеж“ , безвременска песна отпеана на фестивалот „Опатија“ во 1962 година и со која Нина пирова се има закитено со првата награда.

Почивај во мир!

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе