СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Нови анти ковид мерки, задолжителна вакцинација за здравствените работници, а за администрацијата вакцина, ПЦР-тест или потврда

230

Комисијата за заразни болести, утринава, со консензус донела одлука да предложи нови рестриктивни мерки до Владата, а со цел заштита од коронавирусот. Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека до Владата ќе предложи сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа за да одат на работното место, да прикажат сертификат за барем една доза примена вакцина, направен ПЦР тест не постар од 72 часа на своја сметка, потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена или потврда дека не можат да примат вакцина поради здравствени причини.

Комисијата предлага и вакцината да биде задолжителна за сите здравствени работници, со препорака кон мерките да се приклучат и приватните компании . Мерките би стапиле во сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата, а здравствените работници имаат рок од 30 дена за да се вакцинираат.

Освен тоа, Комисијата предлага да се ажурира процесот за контрола на сертификатите, од страна на МВР и на пазарниот инспекторат, односно преку достапните апликации и QR кодовите на овие апликации да се проверува дали сертификатите што ги приложуваат лицата се валидни.

 

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе