CSS Template

Нови рестриктивни мерки, проширен полициски час, угостителските објекти се затвораат

1.058
Avtokontrol1

Владата донесе нови мерки за заштита од Ковид-19 поради растот на бројот на заразени и починати, а на предлог на министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести.

Прво, забрана и посебен режим на движење на граѓаните од 20 до 5 часот наутро, почнувајќи од утре, до 20 април.

На граѓаните кои извршиле вакцинација им се дозволува враќање дома и во полициски час.
Се воведува и целосна забрана за посетители и гости во сите ресторани, кафулиња, хостели, мотели, хотели, а оние кои подготвуваат храна може да ја доставуваат  онлајн или по нарачка преку телефон, почнувајќи од 7 април до 20 април.

Исклучок се угостителските објекти во аеродромите во Скопје и Охрид, како и за хотелите, мотелите и хостелеите, за гостите сместени во објектите.

Се вовездува забрана за посета на обзложувалниците, уплата да се врши само на шалтер исто од 7 до 20 април.

Забрана за посета на сите фитнес сали, теретани и слично. Се забрануваат семинари, обуки, курсеви од 6 до 20 април.

На земјоделците им се дозволува одење на нива и на пазари.

Сите кои живеат во колективни домови и имаат куче може да ги шетаат од 22 до 23 часот, најмногу до 100 метри околу објектот.

Останува забрана за групирање повеќе од четворица на отворено.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni