CSS Template

Нов дебакл или триумф за престој на мундијалот?!

47
Avtokontrol1

Третото коло на мундијалот во Египет е последната спортска надеж за македонските ракометарите за престој на мундијалот.Очигледно е дека избраниците на Брестовац треба да го поправат впечатокот , а за тоа имаат можност во 15:30 со директен пренос на МРТ каналите.Иако македонските репрезентативци одиграа под просекот на двата претходни дуели , сега можеби е вистинско време за подобра раометна претстава и шеесет минути на залечување на египетските рани.

Ривалот им е доволно познат на црвеножолтите кои во двете контролни средби со чилеанците беа подобри и покрај тоа што истите беа од затворен карактер.Досега Македонија во пресметките против Чиле има пет победи но денешната пресметка можеби ќе биде и најтешка , за нас да се биде или не а за ракометарите на Чиле реванш за загубените претходни.

Нашиот капитен Кире Лазаров денеска ќе го одигра четириесеттиот натпревар на светските првенства а деби настап имаше токму во земјата на фараоните во далечната 1999 година против Саудиска Арабија.Тој во неговата богата ракометна кариера досега има одиграно на седум светски првенства.Против денешниот противник Лазаров има постигнато 17 гола на двата дуели кои ги имаме играно против оваа селекција.

Ќе биде ли дуелот со Чиле и последен на ова светско првеснтво ? Дали нов пораз или сламка за спас и продолжување на настапите во втората фаза ?!
Нацијата е во исчекување….


semm
Vivafarm
Turtel
Farma Dolneni