CSS Template

Објавен конкурсот за попишувачи и инструктори,колку се потребни за Прилеп?

142

Државниот завод за статистика го објави конкурсот за пријавување кандидати за реонски попишувачи и инструктори кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година од 5 до 30 септември годинава.  Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати.

Државниот завод за статистика, како што стои на нивната веб страница http://www.popis2021.stat.gov.mk/, ги повикува сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавиле на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија.

При изборот на кандидатите кои се пријавиле за реонски инструктори, како што стои во конкурсот, ќе се има предвид етничката структура на населението во соодветниот пописен реон.

За Прилеп (за општина Прилеп, Кривогаштани и Долнени) предвидени вкупно 273 попишувачи, од кои на македонски 238, на албански јазик 15, турски 12 попишувачи, ромски 6 и босански 2 попишувачи. Вкупниот број на реонски инструктори е 27. 


Vivafarm