ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Одземени 19м3 од нелегална сеча кај с.Гостиражни и 6,5м3 кај Вештачкото езеро

66

На 21.03.2022 ,во периодот од 18.00 до 24.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово и Полициската станица Прилеп , при СВР Битола, во содејство со Шумска полиција – Прилеп спровеле акциска контрола.  Притоа, во с. Гостиражни од Љ.Н.(38) и М.Н.(49) од с.Гостиражни биле одземени околу 11 кубни метри нежигосани дабови дрва без соодветна документација.
Исто така, над с.Гостиражни биле пронајдени околу 8 кубни метри нежигосани дабови дрва и истите ќе бидат предадени на шумска полициска Прилеп.
Додека, пак, на подрачјето над Вештачко езеро во Прилеп било затекнато лицето Џ.А. и од него биле одземени запрежна кола натоварена со нежигосани дабови дрва од околу 1,5 кубни метри и една моторна пила. Во тој дел биле пронајдени и бесправно исечени околу 5 кубни метри огревни дрва.
Пронајдените дрва биле биле подигнати од Шумска полиција Прилеп, а по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе