СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Од денеска почнува есента

159

По жешкото  лето, денеска, 22 септември (267. ден во годината), во Македонија и на северната хемисфера, календарски почнува есента. Во Македонија таа официјално ќе пристигне во 15:30 часот по средноевропско време. Во првиот ден од есента денот и ноќта на целата Земјина топка ќе траат еднакво, со тоа што на северната хемисфера ќе биде есенска рамноденица (еквиноциум), а на јужната пролетна рамноденица (таму почнува пролетта). Во првиот есенски ден сонцето изгрее во 6 часот и 22 минути точно на исток, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути точно на запад.

Есента ќе заврши на 21 декември. Тогаш на северната полутопка ќе почне зимата и овој ден е познат како зимски солстициум или зимска краткоденица. Значи од денеска, постепено до 21 декември ноќта ќе се зголемува до максималните 15 часа, а денот ќе се намалува до само 9 часа. Во исто време, додека на северната хемисфера почнува есента, на јужната почнува пролетта и таму ноќите ќе стануваат пократки од деновите исто така до 21 декември, до 11 часот и 2 минути.

Како и да е, секое годишно време е интересно по своите карактеристики, па така, во следните 3 месеци може да уживаме во убавините и пријатните есенски денови.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе