CSS Template

Од КОВИД 19 почина лекар од Крушево

592

Матичниот лекар од Крушево, спец.др.Вангел Трајулески – Луше, денеска починал од Ковид-19, откако бил хоспитализиран десетина дена во Инфективната клиника. Веста ја споделија на социјалните мрежи, колегите од Здравствениот дом во Крушево.  Д-р Трајулески е вториот медицинско лице кој денеска ја изгуби битката со непредвидливиот вирус, откако порано беше соопштено дека од Ковид-19 почина и медицинска сестра од болницата во Битола. 

„На овој маглив декемвриски ден не изгуби само фамилија Трајчулески. Изгуби и Здравствен Дом Крушево и здравствената фела , соработник кој секогаш ни излегуваше во пресрет кога и да беше потребно. Изгубија Крушево и крушевчани неговите пациенти , доктор кој никогаш не се штедеше и даваше максимум од себе за бидат задоволни .Тешко е да се каже збогум на човек – доктор , кој кариерата ја започна во Здравствен Дом Крушево и иако продолжи како матичен лекар сепак беше дел од нашиот колектив со сето свое знаење , квалитет , човечност и хуманост несебично ги даде на пациентите. Беспрекорен во својата работа не само сега во ова зло , туку и во целиот негов работен век , никој никогаш не врати од преглед , никогаш не повиши тон на никој , секогаш насмеан .Се бореше за здравјето на сите пациенти давајќи максимум , но за жал не ја доби најважната битка , битката за својот живот против невидливиот непријател Ковид 19 .Почивај во мир драг докторе , и биди горд и ти и твоето семајство за сите прекрасни спомени што ги остави зад себе.Никогаш нема да те забораваиме спец.др.Вангел Трајулески – Луше“, стои во објавата на Фејсбук страната на Здравствен дом Крушево.

Во последните 24 часа регистрирани се 984 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје-398, Куманово-47, Прилеп-59, а во Крушево еден случај.


semm
Farma Dolneni
Vivafarm
Turtel