ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Од полноќ дизелот поевтин, бензините поскапи

66

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот на полноќ се намалува за 1,5 денари за литар, додека бензините поскапуваат за еден до 1,5 денар по литар.

Па така, од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 87,5 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 90 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 76 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,5 денари и ќе се продава по 76 денари за литар. Со одлуката на РКЕ од полноќ за 0,252 денари за килограм се зголемува цената на мазутот и истиот ќе се продава за 44,554 денари.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе