ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Од полноќ поевтинува дизелот, а бензинот останува со иста цена

246

Регулаторната комисија пред малку објави нови, намалени цени на ннафтените деривати. Од полноќ се намалува цената на дизелот за три денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари, Цената на бензините останува иста, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика.

Според новата одлука на РКЕ, дизелот ќе се продава по цена од 85 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 81 денар за литар.  Цените на бензините остануваат исти што значи дека Еуросупер БС-95 и понатаму ќе има цена од 86,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 цена од 88,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,615 денар/килограм и сега ќе изнесува 59,299 ден/кг.

Со ова, се врши намалување на намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50 проценти во однос на одлуката донесена,вчера, на 14 март.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе