ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Осум медали на македонските џудо ветерани на Балканското првенство

156

Македонските џудо ветерани викендов во Тирана, Албанија, на првото  Балканско првенство за ветерани освоија осум медали.

Медалите ги освоија:

1.Киро Здравески, кој воедно беше и селектор и натпреварувач во старосна категорија М9 до -66 кгр – сребро

2.Маке Спиркоски М9 до-81 кг – злато и во старосна опен категорија до -81кг сребро.

3.Марјан Димески М7 до 100 кг – сребро

4.Мартин Ристески М5 над 100 кг – злато и во апсолутна категорија над 100 – злато.

5.Сашо Димовски М5 до 73 – бронза

6.Ѓорѓи Хубрев М5 до 100 кг – бронза

На првенството учествуваа Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, Романија, Бугарија и Македонија со околу  100 натпреварувачи.

Селекторот Киро Здравески е задоволен од настапот на сите и од освоените одличја и на негово задоволсто, како иницијатор на ветеранското џудо во Македонија и Балканот, се оствари и ова натпреварување кое и донесе голем успех на нашата држава.

Балканско Првенство за ветерани се одржа од 19 до 20 ноември 2022 година во Тирана, во салата Аслан Русе во центарот на Тирана.

Учество на Балканско Првенство за ветерани зедоа околу 100 натпреварувачи од 8 земји и тоа:
– Албанија,
– Косово,
– Босна и Херцеговина,
– Црна Гора,
– Турција,
– Романија,
– Бугарија и
– Македонија.
Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе