СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Отворена етно соба во прилепскиот музеј

200

Прилепскиот Завод и Музеј, по 66 години од постоењето,  отвори постојаната етно-поставка „Животот низ занаетите и традицијата“. Изложени се околу 300 предмети кои ја раскажуваат приказната за животот, работата и за секојдневието на прилепчани во периодот од 18, 19 и 20-тиот век.

Етно-поставката е конципирана во неколку сегменти од занаетите, претставени преку алатки за изработка на разни видови занаетчиски производи.

Претставени се кујунџискиот занает, канатарџискиот, леарскиот и кувенџискиот занает. Застапено е и килимарството преку повеќе видови килими, како и семејниот живот и традицијата.

 

Директорот Благоја Атанасоски, не криејќи го задоволството, посочи дека три години се работело на обликувањето на поставката,а музејот во своите депоа има материјал за уште неколку етно-соби. Средствата за етно-поставката се од Министерството за култура.

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе