ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Отстапка нема – втор ден протести на прилепските пензионери

2.389

Во уште поголем број прилепските пензионери и денеска, петок, 4 ти август продолжија со протести пред Здружението на пензионерите во Прилеп. Велат дека нема да остапат до исполнување на нивните барања упатени јавно до ресорното министерство и Владата за линеарно зголемување на висината на пензијата од 3 500 денари. Како и вчера, на првиот ден од протестите, така и денеска тие побарале средба со претседателството на прилепското здружение на пензионерите за да добијат поддршка, но биле одбиени. Денеска велат дека обезбедувањето не им дозволило ниту да влезат во канцелариите на здружението за да остварат средба. Но, ваквиот однос не ги поколеба, туку напротив, уште повеќе ги подгреа напорите на пензионерите кои протестираат за, како што велат, остварување на правата за достоинствен живот:

„Ние сме Македонци без разлика на вера, политичка определеност, а пред се’ сме членови на Здружението на пензионери. Затоа, не отстапуваме од овие барања. Мирно и достоинствено ќе продолжиме. Ние сме 339 000 членови, пензионери, моментално половина Македонија. Младите ни заминаа по белиот свет.

Денеска се обидовме повторно да се видиме со претседателството на прилепското здружение, но за жал, тие категорично и арогантно не‘ одбија со зборовите :  „Никој од нив нема да влезе!“ Па нели тоа е дом на сите членови, па и за нас?! Страмно е со ваков однос да се понижат пензионерите. Затоа ја покануваме министерката за труд и социјална политика да дојде во херојски Прилеп.

Отстапка нема!!! Ние сме тука родени, тука ќе умреме, отстапка нема!!!“

В понеделник, 7 август протестите продолжуваат на истото место, во 10 часот пред Здружението на пензионери. Прилепските пензионери добија поддршка и од другите градови за остварување на истата  цел – линеарно зголемување на основицата на пензијата од 3 500 денари. Воедно, тие предлагаат за пензионерите со висина на пензија до 13 900 денари, обезбедување на огревно дрво по 3 м кубни, или во висина на износот да им се плаќа електрична енергија. Во регионот на Прилеп, Долнени и Кривогаштани, се близу 15 000 пензионери од кои повеќе од половината се со ниски примања, под 15 000 денари.

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе