ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Почнаа подготовките на ракометарите на РК Прилеп – засилено влегуваат во новата сезона

296

Екипата на Прилеп ви започна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2023/24. Во спортската сала при СОУ „Ристе Ристески Ричко“ денеска на првата прозивка,  новиот тренер на РК Прилеп, Божидар Мојсов, на ракометарите им ги претстави плановите за новата сезона, во која клубот ќе влезе со изменет состав за разлика од претходната сезона.Нови имиња во тимот се поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Пеце Рајатовски, средните бекови – Владан Кастратовиќ и Драган Јелушиќ, голманот Давид Ацевски, пикерот Томче Трајчевски и левиот бек Никола Цветаноски.

Од клубот заминаа Давор Шокоски, Никола Стојкоски, Реваз Чантурија, Мириани Гавашелишвили и Бојан Вренцоски.

Прилеп во минатата сезона играше во плеј-аут фазата, откако во регуларниот дел не обезбеди пласман меѓу најдобрите четири екипи, но во борбата за опстанок имаше солидни партии и успеа да го задржи суперлигашкиот статус.

Во Суперлигата Прилеп ќе игра во групата Б, каде што играат Еурофарм Пелистер, Вардар, Бутел, Пролет, Мулти Есенс, Голден Арт и Вардар Неготино

Првиот сериозен тест за играт ракометарите на РК Прилеп ќе го имаат на турнирот „Миле Нешкоски“ кој ќе се одржи кон крајот на август.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе