ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пак, за „Пивофест„! Ќе се одржи првиот викенд од септември

267

Темата за Пивофест ја подигна дискусијата на 30 седница на Советот на Општина Прилеп.  Дискусијата на советниците  се одвиваше во насока дали оваа година ќе се одржи фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест”, нема да се одржи, дали ќе се одложи и се бараше одговор  што се случи да оваа манифестација не се одржи во предвидениот термин во средината на јули.

Советниците од опозицијата бараа парите предвидени од буџетот на општината за фестивалот во висина од еден  милион денари, да се прераспределат во Програмата за спорт и рекреација,  но  по дадента  паузата од Претседателот на Советот, на говорницта се појави градоначалникот на општина Прилеп, кој информираше дека фестивалот не се откажува,  туку се одложува за крајот на август.

Градоначалникот  Јовчески, го потенцира и датумот и рече дека  20-то јубилејно издание на „ Пиво Фест”, ќе се одржи од 31.08 до 03.09., но не потенцира кој ќе го организира.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе