ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пачешкоски: Наместо градежна офанзива во Прилеп се случува урбанистички хаос!

26
Со изјава за јавноста без присуство на новинари,  денеска се огласи Зоран Пачешкоски, новиот претседател на ОО  на СДСМ Прилеп, во која посочува обвинувања за работата на актуелниот градоначалник Јовчески, како и за низа низа нерегуларности од областа на урбанизмот во Прилеп.
Ја пренесуваме во целост:
„Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, никако да се разбудат од зимскиот сон.
Поминаа точно 7 месеци откако Јовчески беше избран за „татко“ на градот. Не само што во тој период не почна со реализација на ниту еден од ветените проекти, туку неспособноста на прилепскиот градоначалник оди дотаму што не може да ги заврши ни проектите започнати од неговиот претходник.
Наместо продолжување на градежната офанзива и натамошно урбанизирање на градот и населените места, во Прилеп се случува урбанистички хаос.
Пред очите на целата јавност, дивоградби никнуваат во строгиот центар на градот. Впрочем, сликата која ја гледате, најдобро зборува за тоа.
Некогашниот дуќан на „Кам маркет“, преку ноќ стана поголем за шеесетина квадрати, со што неговата пазарна вредност се зголеми за повеќе од 100.000 евра.
На поставеното прашање на советничката група на СДСМ и коалицијата, од Општина Прилеп добивме одговор дека на 24.02.2022 година бил извршен вонреден инспекциски надзор, при што било изготвено Решение за отстранување на доградбата на деловниот објект.
Два месеца подоцна, како што самите можете да видите, состојбата, односно површината на објектот е непроменета. Доградбата не е отстранета, а во внатрешноста на објектот се изведуваат градежни работи.
Во оваа прилика уште еднаш го повикуваме градоначалникот Борче Јовчески конечно да почне да се занимава со својата работа и градоначалничката функција да ја извршува во интерес на граѓаните, а не во интерес на разни бизнис и други лоби групи.
СДСМ во повеќе наврати предупредуваше дека враќањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, ќе значи враќање на голема врата на градежната мафија. Ова што изминативе неколку месеци се случува во Прилеп, е само најава за случувањата кои допрва претстојат.
На крајот, воопшто не е случајно тоа што дури и според внатрепартиските анализи на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески е оценет како градоначалник со најслаби резултати од сите негови партиски колеги.
Жално, ама вистинито, “ стои во изјавата на Зоран Пачешкоски, претседател на ОО СДСМ Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе