ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПЛАТФОРМА ЗА ЖАЛБИ И ПОПЛАКИ – Крушевчани со можност да учествуваат во реализацијата на тековните проекти

128

Новата  „онлајн“ платформа за жалби и поплаки на Министерство транспорт и врски крушевчани можат да ја користат за корегирање на  тековните проекти на општина Крушево.

„Механизам за жалби и поплаки може да биде користен од јавноста и засегнатите страни кои активно ќе учествуваат при реализација на Проектот за поврзување со локални патишта преку пополнување на Образец за жалби и поплаки за време на градежната фаза“, пишува на официјалната страница на платформата.

Во овој момент граѓаните на општина Крушево можат да поднесуваат жалби и поплаки за тековниот проект за реконструкција на локалниот пат с. Врбоец – с. Св. Митрани со врска до општина Кривогашани и  за реконструкција на дел од улица Питу Гули со изградба на паркинг.

Инаку, Образецот за жалби и поплаки е  достапен во електронска форма на веб-страната на Министерството за транспорт и врски и на официјалната веб-страна на Општината каде се одвиваат градежни работи.

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе