ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Победа броеше до пет и ги израдува своите фанови

142
Фудбалерите на Победа попладнево, во рамките на 20 коло на Втората лига-Исток, одиграа одлично второ полувреме  и ги израздуваа своите навивачи ,славејќи победа од 5-2, на гостувањето на Детонит во Радовиш.

Во првите 45 минути домаќините имаа водство од 2-0. Откако Јошески промаши зицер за водство на својот тим во 15-тата минута Детонит за 7 минути постигна 2 гола и дојде до водство од 2-0 . Од тој момент не се очекуваше дека Победа ќе има шанси бодовите да ги донесе во Прилеп

Но, за среќа црвено-белите  на полувреме се созедоа и со далеку поквалитетно издание,  набрзина со головите на  Христов и капитенот Даниел Карчески за само 7 минути израмнија на 2-2 , па во 64-тата минута втор гол- по прекин со глава на Христов за пресврт и водство на Победа од 2-3 по центаршутот на Јорданчо Наумоски. Пресвртот донесе и доминација на теренот, па до крајот за круна на одличните втори 45 минути црвено-белите постигнаа уште два гола.  На 2-4 во 76-тата минута, со својот трет гол по враќањето во Победа, зголеми Филип Димоски по асистенција на Б. Спиркоски, а конечните 2-5 во 89-тата минута ги постави  Бојан Спиркоски кој го скрши мразот и го постигна првиот пролетен гол користејќи кикс-поклон на домашниот штопер.

По трите последователни нерешени натпревари оваа прва пролетна победа на гости сега треба да биде  ветар во грб на избраниците на Капинковски. Претстојната двонеделна пауза треба да биде искористена за дополнително подигање на формата во пресрет на завршницата на шампионатот во кој ќе се решава конечниот пласман.

Победа: Тофилоски, Бошески, Христов, Стомнароски, Карчески, Петејчук, Ангелески, Ј.Наумоски (од 82 мин Дунимаглоски), Јошески (од 46 мин Димоски), Б.Спиркоски (од 90 мин Дебрешлиоски) и Мазари.

Во следното 21 коло на 2 април Победа се сретнува со екипата на Братство, на домашен терен .

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе